Објавено на:

Манчестер Јунајтед има нов газда – со арапски пари ќе ја враќа старата слава!

t

Манчестер Јунајтед влегува во групата премиерлигашки тимови чии сопственици се шеици од Блискиот исток, откако денеска беше објавена информацијата дека американското семејство Глејзер го продала клубот на Шеик Џасим, кој е син на поранешниот премиер на Катар, Јасим бин Џабер Ал Тани.

Тој го доби наддавањето за акциите на „ѓаволите“ со британскиот милијардер Џим Ретклиф, кој исто така беше во игра за купување на гигантот од Манчестер. Шеикот минатата недела драстично ја зголеми понудата за тимот од „Олд Трафорд“ со што ја доби битката со ривалот за купување, кој едноставно не можеше да даде повеќе пари.

„Ал Ватан“, медиум од Катар во сопственост на таткото на Џасим, синоќа објави дека било завршено преземањето на клубот од шеикот Јасим и дека сега сам се чекаат официјализација на купо-продажниот договор. Неофицијално, катарскиот шеик платил нешто повеќе од пет милијарди фунти за Јунајтед, со што ќе ја преземе целосната контрола врз клубот. Семејството Глејзер (Абрам, Брајан, Дарси, Едвард, Џоел и Кевин) го води Манчестер Јунајтед од 2005 година, откако американскиот богаташ Малколм Глејзер ги купи сите акции на „ѓаволите“.

https://twitter.com/al_watanQatar/status/1668327577147015207?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1668327577147015207%7Ctwgr%5E2b7ee3e56bcb70f1aecf52edcf1f984119e80006%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fmanchester-junajted-ima-nov-gazda-so-arapski-pari-kje-ja-vrakja-starata-slava

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…