МАН и ССНМ ги осудуваат притисоците врз медиуми од страна на Ковачевски и Ахмети
Македонската асоцијација на новинари МАН остро ги осудува изјавите на премиерот
Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети насочени кон загрозување на
уставно гарантираната слобода на известување на сите медиуми, а во случајот кон телевизиите Телма и Алфа.
-Оваа власт континуирано врши притисоци против сите независни професионални
новинари и медиуми кои не се под контрола на власта. Понекогаш тоа го прават лично,
преку партиски војници, а најмногу преку механизмите на власт и преку правосудниот
систем.
Затоа и не се изненадување последните јавни притисоци, тие се дел од континуиран
процес за воведување цензура и едноумие во државата. Преку ваквиот процес, освен што се загрозува слободата на информирање, се загрозува и физичката безбедност на новинарите и се први обид да се загрози финансиската егзистенција на медиумите.
Да потсетиме, притисоците на власта го качија црниот резултат на судски прогони против независните медиуми и новинарите од 24% во 2016 на фантастични 68% во 2022 година.
-Ги повикуваме сите новинари и медиуми да не потклекнуваат на вакви притисоци и да
продолжат, согласно својата уредувачка политика да известуваат независно и
професионално. На сите новинари и медиуми на кои им е потребна правна помош, МАН
им стои на располагање со своите експертски тимови.
Македонската асоцијација на новинари (МАН) во текот на следните денови, во
координација со своите членови ќе излезе со официјални чекори кои ќе бидат преземени
во најкус можен рок за да се стави крај на ваквата пракса на власта, велат од МАН.
Со реакција излегоа и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Пресудата против ИРЛ…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот…
МАН и ССНМ ги осудуваат притисоците врз…
Македонската асоцијација на новинари МАН остро ги…
ССНМ: Медиумите во целост да ги исплаќаат…
По истекот на законскиот рок за исплата…
ЗНМ и ССНМ реагираат: Владините прес-служби не…
Група на новинари, фоторепортери и сниматели утрово…