Мапа на небото над Европа: Никој не лета преку Украина
Русија утринава истрела проектили врз неколку градови во Украина и истовари сили на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот.
Набргу откако Путин зборуваше на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеа да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев.
Престрелката избувна во близина на главниот аеродром во главниот град, објави новинската агенција Интерфакс, а сирените се огласија над градот.
„Путин штотуку започна целосна инвазија на Украина. Мирните украински градови се нападнати“, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Twitter.
Рускиот напад веднаш го пренасочи воздушниот сообраќај. Ова е фотографија од Flight Radar на која може да се види дека практично нема цивилни патнички летови над Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…