Маргарита Симонјан советува: Избришете ја чувствителната содржина од Телеграм
Маргарита Симонјан, главниот уредник на агенцијата Русија Севодња, чиј дел е Спутник, ги советуваше сите да ја избришат чувствителната кореспонденција на Телеграм поради апсењето на ко-основачот на гласникот Павел Дуров.
„Што е главното во приказната со Дуров? Дека секој што е навикнат да користи Телеграма за чувствителни разговори/преписки треба веднаш да ја избрише таа кореспонденција и да не го прави тоа повторно. Затоа што го привеле да ги земе клучевите. И тој ќе им даде“, рече таа.
Таа претходно истакна дека Дуров ја напуштил Русија за да не соработува со разузнавачките служби.
„Понекогаш соработуваше со западните разузнавачки служби – или барем строго ги следеше инструкциите за блокирање на RT во оние земји каде што сме под санкции. Но, тоа не му помогна“, напиша Симонјан на нејзиниот канал Телеграм.
Француските медиуми во саботата вечерта објавија дека основачот на Телеграм, Павле Дуров, бил приведен на аеродромот Бурж. Дуров бил приведен кога се симнувал од приватен авион, кој наводно допатувал од Азербејџан.
Фото; Sputnik / Ekaterina Chesnokova
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…