Објавено на:

Маринакис од грчката влада: Договорот од Преспа е во ќорсокак

t

Не стивнуваат дебатите во грчката јавност по инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во неделата откако положи заклетва во Собранието без да го изговори уставното име. Грчките новинари во дебатните емисии ги прашуваат одговорните лица во владата на Мицотакис за тоа како Грција ќе реагира на „прекршувањето на Договорот од Преспа“, па веќе свои одговори дадоа и премиерот Мицотакис, министерот за надворешени работи Петрос Герапертитис, пратеничката Дора Бакојани, а утрово и владиниот портпарол Павлос Маринакис за АНТ1 зборуваше и за оваа тема која ја разбранува јавноста во Грција покрај постоечкиот спор со Турција кој е прв на грчката агенда за решавање, а се однесува на муслиманското малцинство во Западна Тракија.

-Целото прашање на Договорот од Преспа покажува дека не сме сите исти. Ништо не кажуваме предизборно и ништо постизборно. Како тогашен лидер на опозицијата, господинот Мицотакис рече дека сме против Договорот од Преспа, затоа што го сметаме за лош договор, гласавме против, а како партија упативме барање за недоверба, но тој исто така истакна дека доколку се изгласа Договорот и тој биде избран за премиер, ќе се почитува Договорот. Ова беше непопуларна позиција за многумина во Нова Демократија, рече портпаролот Маринакис.

Тој продолжи велејќи: „Овој договор има два дела. Грција немаше многу работа. Собранието требаше да ги изгласа овие меморандуми. Другата страна имаше премногу работа. Нашиот свесен избор да не ги гласаме меморандумите од Грција е оправдан. Помислете на претседателот на Северна Македонија да не ја прифати ниту првата точка од Договорот, а тоа е името, и ќе стигневме до крајот на патот“.

Тој ја критикуваше и опозицијата во Грција, велејќи дека „во моментот кога претседателката ќе ја каже својата земја „Македонија“, опозицијата излегува и вели „гласајте ги и меморандумите“.

„Да ја видиме новата Влада на Северна Македонија, да го видиме нивниот однос и нивните реакции… Уште од почетокот велевме дека е лош договор, но ќе го почитуваме доколку се изгласа. Во моментов сме на крстопат и имаме нова влада која чекаме да ги формулира своите позиции. Нема да брзаме. Европскиот пристапен пат на другата страна целосно зависи од нејзината усогласеност со Договорот од Преспа“, рече Маринакис.

Тој истакна дека „тука сме да го видиме сето тоа. Грчката страна ќе даде се од себе за интересите на земјата. Ние целосно ја разбираме нашата обврска да го почитуваме континуитетот на државата, но тоа мора да го направи и другата страна. Времето ќе ги покаже постапките или пропустите на другата страна и соодветно ќе реагираме. Дали земјата ќе биде во подобра позиција ако ја избрише целата траса и да ги потпише и меморандумите? Надворешната политика што се практикува со планирање, со почеток, средина и крај и и дава оружје на државата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…