Марио Драги поднесе оставка: Италија оди на вонредни избори
Италијанскиот премиер Марио Драги вечерва поднесе оставка по политичката драма која траеше пет дена, односно откако минатиот четврток му ја поднесе оставката на италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Претседателот Матарела тогаш ја одби оставката и побара од Драги да се обрати во Сенатот, а потоа и во Претставничкиот дом следната недела и да побара гласање за доверба. По денешното гласање, пак, стана јасно дека партиите во Италија не успеале да постигнат компромис и дека во земјата ќе се одржат вонредни парламентарни избори.
Минатиот четврток Драги поднесе оставка откако популистичкото Движење пет ѕвезди одби да ја поддржи неговата влада во гласањето за закон со кој ќе се доделат 26 милијарди евра помош за граѓаните и индустриите кои се борат со зголемената инфлација и цените на енергијата.
Водачот на Пет ѕвезди, Џузепе Конте, тогаш изјави дека не може да ја поддржи владата на Драги, која ја обвини дека не прави доволно за да им помогне на семејствата кои се соочуваат со зголемените цени на храната и енергијата.
После тоа Драги посочи дека ќе води само влада на национално единство и дека нема да продолжи без Движењето пет ѕвезди и дека владата што ја конструирал веќе не постои.
„Поголемиот дел од националното единство што ја одржува оваа влада од нејзиното создавање повеќе не постои“, рече италијанскиот премиер.
Драги по оставката доби поддршка од градоначалниците на италијанските градови, лекарите, фармацевтите и другиот медицински персонал, кои во последните денови го повикаа Марио Драги да остане на премиерската позиција и да не ја потврдува својата одлука за оставка пред Сенатот, што италијанскиот претседател Серџо Матарела ја одби.
Потоа им се придружија обичните граѓани кои организираа протести низ целата земја извикувајќи „Драги остани!“
Но, во Сенатот вечерва не гласаа само Звезда, туку и целиот „десен центар на владата“, односно „приватната“ либерална Форца Италија на Берлускони и суверенистичката лига на чело со Матео Салвини.
По ова, Драги немаше друг избор освен повторно да се искачи на ридот Квиринал во 20:30 часот и да му ја потврди оставката на претседателот Матарела. А Матарела нема друг избор освен да ги распушти парламентарните домови во наредните денови.
Изборите мора да се одржат во рок од најмалку 50, а најмногу 70 дена потоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот во Стразбур ја казни Италија поради…
Европскиот суд за човекови права во Стразбур…
Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош…
Помошта во авионот C-130J Super Hercules, кој…
Италијанската полиција уапси 13 лица поради криумчарење…
Италијанската полиција уапсила 13 лица поради криумчарење…
Пожар во хотел во Италија: 40 лица…
Голем пожар денеска избувна во хотелот Александар,…
Над 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во…
Реката Сенио се излеа во населбата Кастел…