Маричиќ ги сруши темелите на правната држава, вели Каракамишева во изјава за Инфомакс

t

Никој не смее да се меша во работата на судската власт, особено не извршната. Кога премиерот, министрите или друг владин функционер ќе се дрзне да толкува судска одлука, тоа недвосмислено е притисок врз работата врз судската власт.

Слично размислува и професорката по Уставно право Тања Каракамишева која за Инфомакс.мк вели дека со секое вмешување на премиерот или министрите се повредуваат темелите на правната држава.

– Со секое вмешување на министрите, премиерот и другите носители на јавни функции во работата на судиите и јавните обвинителите се повредуваат темелите на правната држава, вели Каракамишева за Инфомакс, коментирајќи го статусот на министерот Бојан Маричиќ во кој пред два дена даде инструкции на судиите како да пресудуваат во случајот со притворот на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков.

Не само инструкции, туку Маричиќ и јавно со имиња ги прозва судиите кои одлучија да ја прифатат гаранцијата на Мијалков за укинување на притворот.

– Со завчерашниот фејсбук коментар, актуелниот министер за правда Маричиќ директно повреди две темелни вредности во уставниот поредок на Македонија – начелото на поделба на власта и начелото на владеење на правото, вели Каракамишева.

Функциите на власта во демократските држави е поделена на различни институции токму како брана од преголема концентрација на моќ, која може да биде злоупотребена поради лични интереси.

– Не случајно функциите на власта во демократските држави се поделени на различни институции како брана од концентрацијата на моќта во рацете на неколкумина моќници кои најчесто доаѓаат од извршната власт, објаснува професорката Каракамишева.

Не случајно не е дозволено мешање на извршната власт во судската самостојност и независност, додава таа, објаснувајќи дека поделбата на власта не треба да се сфаќа само од организациска, туку и од функционална гледна точка.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ од Црна Гора: Време е за…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…

Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…

Хаос во судница на судењето на „Плацеви…

Веројатно ако прашате било кој адвокат кој…