Маричиќ: Должност ни е да дадеме шанса на преговорите со Бугарија

t

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма рече дека во овој период „е направен максимум во разговорите со Бугарија и дека Владата нема да се откаже, без разлика на датумот на решавање на отворените прашања.

„Ние направивме максимум во овој период и тоа беше наша должност да дадеме шанса на овие разговори. Ние не се откажуваме од тоа и ниту пак некогаш се врзувавме за јуни, како пресуден датум, рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека Европската Унија е таа која, притисната од геостратешката ситуација, почна прва да го комуницира јуни како датум и комесарот Вархеји и офцицијалните портпароли на ЕУ.

„Тоа значи дека има некое чувство на ургентност во ЕУ меѓутоа ние немаме намера да направиме чекор, ниту да дозволиме да бидеме напаѓани за едно или друго, да направиме чекор кој ќе ги наруши нашите интереси“, рече Маричиќ истакнувајќи дека наш интерес е да ги почнеме преговорите, но не по секоја цена, односно да ги почнеме со фер договор кој нема да задира во нашето достоинство и идентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…