Маричиќ за Би-Би-Си: Владата ќе стави крај на економската криза во Македонија
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во емисијата „Дејли њус“ на Би-Би-Си изјави дека земјата ги има намирено сите обврски за снабдување со руски гас, но дека ситуацијата е сложена, бидејќи не може да се предвиди каква одлука може да донесе Русија во наредните денови, со оглед на тоа што цврсто стоиме со Украина, политички, економски и воено.
– Имаме соодветни алтернативи во случај да дојде до прекин на снабдувањето со гас од „ГАЗПРОМ“, на пример индустриските капацитети да можат да користат мазут, но каква одлука и да се донесе, Северна Македонија во оваа фаза ќе се ублажи, се залагаме одлуката да биде донесена согласно договорот за употреба на гасоводот, рече вицепремиерот Маричиќ
Тој изрази жалење што Русија одлучи да ги класифицира сите земји како непријателски земји, но дека македонската Влада верува дека наскоро ќе се најде решение за тековната агресија, со што ќе се стави крај и на енергетската криза.
– Снабдувањето со гас за Северна Македонија сè уште не е прекинато, зависноста е значителна, но сепак имаме континуирано снабдување со гас од „ГАСПРОМ“ преку Бугарија и покрај тоа што Русија го прекина снабдувањето со гас до таму, рече вицепремиерот Маричиќ во интервјуто.
Тој изјави дека Северна Македонија е една од првите земји што се приклучи на одлуката на ЕУ, бидејќи сме земја кандидат за членство во ЕУ и сојузник во НАТО, но не само поради тоа, туку и направивме морален избор да застанеме покрај Украина.
– Работиме заедно со САД и нашите партнери од ЕУ на замена на испораките на природен гас од Русија, со цел да се намалат последиците од потенцијалната енергетска криза во случај Русија да го затвори вентилот, додаде Маричиќ за Би-Би-Си.
Извор: Прес 24
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…
Европската Унија работи на паралелни реформи во…
Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ од Црна Гора: Време е за…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…
Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…
И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…
Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…