Маричиќ: И покрај кризата во Украина, ЕУ да се фокусира на Западен Балкан

t

Европската Унија не смее да го заборави Западен Балкан поради кризата во Украина, напротив мора да остане фокусирана на регионот, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на меѓународниот собир „Стратешки економски разговори”, организиран од Здружението за развој на деловната мрежа на Југоисточна Европа (СЕЕБДН).

– Северна Македонија, како и Албанија, треба да започне преговори за членство во Унијата, но исто така важно е и Украина, Грузија и Молдавија да имаат европска перспектива, рече Маричиќ, додавајќи дека Европската Унија е проект на слободна трговија, слободно движење на луѓе и економски напредок и дури 80 години подоцна таа е најдобриот повоен одговор и затоа треба и сакаме да станеме членка на ЕУ.

Маричиќ, заедно со поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, поранешниот известувач на ЕУ за Косово и висок претставник на меѓународната заедница во БиХ, Волфганг Петрич и австрискиот пратеник од редовите на владејачката Народна партија, Мартин Енгелберг, учествуваше на панелот „Процесот за пристапување во ЕУ и интеграција на Западен Балкан во време на значајни промени во Европа”, на кој побара земјите од ЕУ да посветат поголемо внимание на Западниот Балкан, кое со конкретни чекори би дало позитивни резултати, бидејќи во спротивност се доведува во прашање кредибилноста на ЕУ во земјите од регионот и се поткопува довербата на граѓаните во Унијата.

– Во регионот е намалена популарноста на „брендот” наречен Европската унија, затоа во овој момент најпотребно е да се демонстрира лидерство за да се заштити нејзиниот имиџ, бидејќи оние кои се против, се обидуваат да ја прикажат Унијата како неуспешна, рече Маричиќ.

На панелот вицепремиерот се осврна и на иницијативата „Отворен Балкан”, посочувајќи дека таа е комплементарна на процесот на пристапување во ЕУ и како и Берлинскиот процес не е замена за влез во Унијата.

– Не треба да губиме време додека сме во чекалната на ЕУ, туку треба да направиме промени на ниво на Западниот Балкан и да му дадеме нов лик на регионот, кој секогаш се поврзувал со конфликти и криминал и да покажеме дека можеме да соработуваме на сите полиња, потенцира Маричиќ.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ од Црна Гора: Време е за…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…

Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…