Маричиќ: Наша цел е да ги задржиме младите и образовани кадри дома

t

На денешната средба реализирана во рамките на кампањата Ние сме Европа заменикот претседател на владата за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со министерот за информатичко општество и администрација, го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа каде што се сретнаа со проректорката Беса Арифи и студентите на универзитетот. На средбата се осврнаа на значењето на Еразмус Плус програмата, проектите за мобилност и нивното значење за академски напредок.

„Програмата Еразмус Плус им овозможува на студентите да се образовуваат, стекнуваат знаење и искуство, исто како и студентите од другите земји членки на ЕУ. Еразмус Плус се издигна како една од најпрепознатите програми на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт.

Можноста за размена на идеи и добри практики во европски и меѓународни рамки претставува инспирација за бројни генерации на ученици, студенти, образовен кадар како и организации и институции кои се во позиција да ги искористат придобивките што ни се на располагање.” истакна Маричиќ.

Програмата Еразмус Плус значително ги зголемува компетенциите на младите и им создава многу нови можност за нив во формалното и неформалното образование. Мобилноста, знаењето и вештините што им стануваат достапни на младите преку програмите и фондовите на ЕУ им отвораат светла перспектива.

Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома, во Македонија, со стекнатото знаење од европските образовни институции. Затоа ги охрабруваме младите да бараат стручна надградба и образование, кои подоцна ќе ги применат и со тоа значително ќе придонесат за средината од која потекнуваат и во која живеат.

На крај Заменик претседателот на владата за европски прашања ги поттикна студентите и младите луѓе да бараат начин како да ги реализираат своите амбиции и да ги остварат своите цели за прогресивна иднина на Македонија во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…