Маричиќ на средба со Вархеји: Од клучен интерес за сите е зачувувањето на стабилноста во регионот
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел, денеска оствари тет-а-тет средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји .
Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел, денеска оствари тет-а-тет средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на која било разговарано за дијалогот помеѓу Скопје и Софија, за европската перспектива на Западен Балкан, ситуацијата во Украина и последиците од неа.
-Од клучен интерес за сите е зачувувањето на стабилноста во регионот и ориентирањето кон уште поинтензивна соработка помеѓу земјите кандидатки и Унијата, рекол на средбата вицепремиерот Маричиќ.
Силна е поддршката и посветеноста на француското претседателство за постигнување договор и деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес, вели вицепремиерот Маричиќ и на десет дена пред одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство порачува дека е потребно максимално да се искористи времето за постигнување европско решение помеѓу Македонија и Бугарија, кое со лидерство од страна на ЕУ ќе стави европски печат на иднината на регионот, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…