Маричиќ: Од нас зависи дали ќе стасаме во ЕУ до 2030 година
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ зема учество во рамки на годишната владина конференција се одржа првата панел дискусија :”На патот кон ЕУ: Искористување на можностите за брза интеграција”
Во насока на образложување на темата, Вицепремиерот Маричиќ истакна:
„Можеме без задршка да си честитаме, 15 месеци скрининг процес кој ни даде реална слика, во кој учествуваа речиси 1000 луѓе, 800 реализирани извештаи, интензивна работа на администрацијата која професионално ја одработи и беше на ниво на задачата. Со успешното реализирање на првата фаза од преговорите, и патоказите кои се веќе испратени до Европската Комисија, Македонската европска машина е вклучена, од нас зависи дали оваа година, таа машина ќе продолжи да работи и да стаса до 2030 во ЕУ. Со Планот за раст Европската Унија дава нов импулс за земјите кандидати, тој план сме го барале веќе подолго време и претставува клучна стратегија за развој на регионот и забрзаното пристапување на државата кон ЕУ.
Целта на Европската Комисија е да подаде рака на нашиот регион и на државата, да се подобри комуникацијата и да нема дилеми дали нашата држава припаѓа во унијата.
Јас сум сигурен дека Планот за раст ќе почне скоро да се реализира.
Го имаме исцртано патот, треба да го изодиме. Европскиот пат е достижен и не така далечен како некогаш. Важно ни е да ги собереме сите сили во општеството, сите политички структури, администрацијата, научните институции, граѓанските организации да се вклучат во овој реформски процес. Наша битка е 2030, кога ќе се примаат нови членки во унијата, Македонија не да биде во публиката туку на бината.”
На панелот се обратија и Вицепремиерот Битиќи, Министерот за финансии Бесими и професорот Синиша Наумоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…