Маричиќ: Осудата на геноцидот во Сребреница никако не е чин против нам многу блискиот српски народ
„Едно е осудата на тоа што се случило во Сребреница како геноцид, тоа нема никаква врска ниту може во никој случај и на никаков начин да значи, дека таа дамка во Сребреница може да се фрли врз целиот српски народ или на Србија“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во изјава за Канал 5.
Тој додаде дека должни сме тоа да го разграничиме бидејќи не е коректно да се стигматизира цел народ и држава.
„Затоа мислам дека не треба и не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ. Напротив, ние негуваме блиски односи, блиски релации и со Србија и со српскиот народ. Ги цениме нашите традиционално добри односи и сакаме да ги градиме и понатаму“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека ставот на Македонија е многу јасно утврден со Декларација на Собранието донесена уште на почетокот на 2010 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…