Маричиќ: Очекувам позитивен извештај од Европската комисија

t

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека следната недела ќе пристигне Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и дека истиот очекува да биде позитивен.

Очекуваме позитивен Извештај кој несомнено ќе биде наш водич за следните реформи и активности, со сите негови добри и помалку добри оценки. Ова ќе биде прв Извештај од почетокот на преговорите и не очекувам да има некакви изненадувања, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ брифираше и дека од 7 ноември, со почетокот на билатералните состаноци, ќе има разделување со албанскиот преговарачки тим, и дека одделно ќе го продолжиме билатералниот скрининг.

Маричиќ навести дека во фокус на скринингот ќе бидат владеење на правото, реформа на јавната администрација и функционирање на демократските институции во земјава, за што се очекуваат патокази за сите три области до март идната година. Првите два се задолжителни и без нив не може да се отвори Кластерот, додека пак патоказот за функционирањето на демократските институции е доброволен, но е добро да го имаме и него изготвено, вели тој.

На прашањето за уставните измени и внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, Маричиќ истакна дека тоа е обврска која сме ја презеле и дека не би било добро да го завршиме скринингот, а да не ги имаме завршено останатите обврски, додавајќи дека тоа би значело и прекин на преговорите со Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…