Маричиќ: Потребен е ентузијазмот кој го имавме пред 32 години за одлуки кои носат стабилност и благосостојба на сите!

t

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на граѓаните го честитаа 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, порачувајќи дека денес е свечен, државнички и историски ден за сите македонски граѓани, кои пред 32 години со силна верба избраа пат за нов почеток, за подобар живот и за подобра иднина во независна, во своја држава.

„Ја одбележуваме 32 годишнината од независност на државата остварена како мечта на сите претходни генерации. На нашите претходници им оддаваме огромна чест, признание и им се поклонуваме за нивниот придонес низ годините и вековите до историската одлука кога на референдум, на 8 септември 1991 година нашиот народ изгласа независност и суверенитет.

Со таа историска одлука им се спротивставивме на центрите и околностите кои се закануваа да ја втурнат земјата во воен конфликт и избравме пат со силна верба за нов почеток, за подобар живот и за подобра иднина во независна, во своја држава“, стои во честитката на Маричиќ.

После 32 години независност Македонија ужива посебен углед во светот и се стекна со доверба да биде посакуван стратешки партнер на најголемите земји од западноевропскиот демократски цивилизациски свет, вели Маричиќ, укажувајќи дека на сегашните генерации е историската чест и одговорност да ја чува и развива државата.

„Уверен сум дека на бранот на ентузијазмот што ги движеше одлуките кога се донесуваше независноста, и денеска можеме да ги надраснеме разликите и да се соочиме со сите предизвици – да обезбедиме стабилна иднина, заедно со нашите меѓународни пријатели, да живееме во мир, стабилност, брз економски раст и благосостојба, брзајќи кон денот кога независноста на нашата земја ќе ја славиме како членка на Европската Унија, нагласи вицепремиерот Маричиќ.

Во продолжение интегрален текст од честитката на вицепремиерот Маричиќ:

„Свечен, државнички и историски ден е 8 Септември за сите македонски граѓани.

Ја одбележуваме 32 годишнината од независност на државата остварена како мечта на сите претходни генерации. На нашите претходници им оддаваме огромна чест, признание и им се поклонуваме за нивниот придонес низ годините и вековите до историската одлука кога на референдум, на 8 септември 1991 година нашиот народ изгласа независност и суверенитет.

Со таа историска одлука им се спротивставивме на центрите и околностите кои се закануваа да ја втурнат земјата во воен конфликт и избравме пат со силна верба за нов почеток, за подобар живот и за подобра иднина во независна, во своја држава.

На нас, на сегашните генерации, ни припадна историската чест и особено одговорност да ја чуваме и развиваме македонската држава.

Денес Македонија ужива посебен углед во светот и се стекна со доверба да биде посакуван стратешки партнер на најголемите земји од западноевропскиот демократски цивилизациски свет.

Денес како граѓанска држава на сите граѓани и на сите етнички заедници, здружени во заедничкото општество, со јасно потврден македонски идентитет, сме полноправна членка на НАТО, што е најсилна гаранција за заштита на интегритет и на суверенитетот и што ни е аманет од сите пред нас кои се бореа за слободата и независноста на Македонија.

На прагот сме на остварување на уште една од најважните стратешки цели, членството во ЕУ, за коешто имаме безусловна поддршка од Унијата. Јасни и гласни се повиците од ЕУ час поскоро да станеме полноправна членка на семејството европски народи, сега веќе и со проектиран краен рок – 2030 година.

Уверен сум дека на бранот на ентузијазмот што ги движеше одлуките кога се донесуваше независноста, и денеска можеме да ги надраснеме разликите и да се соочиме со сите предизвици – да обезбедиме стабилна иднина, заедно со нашите меѓународни пријатели, да живееме во мир, стабилност, брз економски раст и благосостојба, брзајќи кон денот кога независноста на нашата земја ќе ја славиме како членка на Европската Унија.

Честит 8 Септември!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…