Маричиќ по средбата со Линде: Шведска е една од нашите најголеми партнери која ни дава јасна поддршка за европските интеграции
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, одржа тет-а-тет средба со министерката за надвореши работи на Шведска, Анн Линде, на која била потврдена принципиелната и доследна посветеност на политиката на проширување на ЕУ, преку поставените критериуми и поддршката која ја дава на Македонија на евроинтеграцискиот процес.
Шведска е една од нашите најголеми партнери која ѝ дава јасна поддршка за европските интеграции на Македонија. Нѐ поврзуваат одлични билатерални односи, одлична соработка и припадност кон исти европски вредности – истакна Маричиќ.
Како што соопшти СЕП, на состанокот било разговарано за текот на преговорите со Бугарија, од кои се очекуваат позитивни резултати, во духот на европските вредности и добрососедските односи.
Соговорниците дискутирале и за важноста на регионалната стабилност и безбедност, согласувајќи се дека воениот конфликт во Украина ја променил геополитичката состојба и во ваква ситуација повеќе од потребно е да се сочува мирот, како неприкосновена вредност.
Во таа насока министерката Анн Линде изразила голема благодарност за безрезервната поддршка што Македонија ја дава за членството на Шведска во НАТО Алијансата.
Маричиќ и Линде го потврдиле пријателството помеѓу двете земји и одличната соработка која преку финансиска и експертска помош, е од суштинско значење во реформскиот процес и која вицепремиерот Маричиќ очекува дека ќе биде продлабочена во периодот кој следи.
Маричиќ во текот на денешниот дена имаше средби и со директорка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Керин Јамтин, на која ги разгледуваа можностите за идни активности во рамки на шведската Стратегија за реформска соработка 2021-2027, за континуирана поддршка во обезбедувањето помош за постигнување на нашите стратешки реформски цели и приоритети поврзани со интеграцијата во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…