Маричиќ: Регионот не може да успее без ЕУ
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска во Стразбур се сретна со амбасадорката на ЕУ при Советот на Европа, Меглена Кунева.
Како што соопшти СЕП, на средбата разговараа за повеќе важни теми, со фокус на евроинтеграцискиот процес на нашата земја, за важноста од регионалната соработка, за новата динамика во соработката со Бугарија и за политичкото и административно искуство на Кунева, како поранешна вицепремиерка за координација на европските политики и институционални прашања на Бугарија.
– Многу корисни совети, научени од искуството, добив од Меглена Кунева, за текот на преговорите со Европската Унија и предизвиците кои не чекаат во тој процес. За нас е од голема важност искуството на Бугарија и споделените научени лекции во преговарачкиот процес, во време кога Секретаријатот за европски прашања е во фаза на подготовка на капацитетите на преговарачките тела, вели Маричиќ.
Кунева даде силна поддршка на новиот дијалог со Бугарија и соработката што ја имаме на сите нивоа, со верување дека брзо ќе ги надминеме разликите и Македонија час поскоро ќе ги започне преговорите со Европската Унија, согласувајќи се со вицепремиерот Маричиќ дека „мора да сме заедно ако сакаме да успееме“, во ова време на глобални кризи и предизвици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…
Европската Унија работи на паралелни реформи во…
Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ од Црна Гора: Време е за…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…
Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…
И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…
Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…