Марковиот манастир остана без монахињи, сестра Илијана ја напуштила Црквата
Сестра Илијана, Игуманија на Марковиот Манастир, кај Маркова река во Скопје, ја соблекла монашката облика и ја напуштила МПЦ-ОА, објави „Религија.мк“. Со најзиното заминување не постои и монашкото сестринство во овој манастир.
Читатели на порталот извесно време посочувале дека сестра Илијана повеќе не е во манастирот. Веста за заминувањето на монахињата ја потврдуваат и од МПЦ-ОА, но не откриваат детали, велејќи само дека станувало збор за лична одлука.
Неофицијално во Скопската епархија се зборува дека поранешната монахиња на МПЦ-ОА сега работи во приватна фирма, пишува „Религија.мк“. Нема информации дали нејзе и официјални и се одземени монашките чинови.
Сестра Илијана беше долги години дел од монашкото сестринство во Марковиот манастир. Со нејзина заложба манастирот доби нов лик, откако по 2002 година од него заминаа неколкумина монаси, кои тогаш се приклонија кон поранешната ПОА на Зоран Вранишковски.
Неофицијално, Религија.мк, дознава дека за нов игумен на овој манастир е поставен јеромонахот Атанасиј, кој исто така беш дел од ПОА, каде и беше замонашен, а во 2011 година се врати во МПЦ-ОА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марковиот манастир остана без монахињи, сестра Илијана…
Сестра Илијана, Игуманија на Марковиот Манастир, кај…
По мозочниот удар лекарите не сакаат да…
Министерот за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, беше…
Трамп: Би сакал пак да се кандидирам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно…
Гори депонијата во Вардариште
Во земјава попладнево активен е еден пожар…
Ангелов: 365 пријавени на огласот за пожарникари
Во соработка со агенцијата за вработување и…