Објавено на:

Марта Кос за министерката што рече „етнички би го исчистила Косово“: Ужасно!

t

Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави дека не може да замисли таа да продолжи да ја извршува функцијата по јавната порака дека, доколку била на местото на Слободан Милошевиќ во 1998 година, „етнички би го исчистила Косово“. Европската комесарка за проширување ја оцени изјавата како ужасна и предупреди дека таквата реторика е неспоива со европските амбиции на Србија.

„Ужасно беше да се слушне такво нешто во 2026 година“, рече Кос за време на расправата во Комитетот на Европскиот парламент за Европскиот демократски штит.

Таа порача дека нема намера да ги повторува зборовите на српската министерка, но јасно го постави прашањето за нејзината политичка одговорност.

„Не можам да замислам дека еден министер може да продолжи да ја извршува својата работа по таква јавна изјава“, рече Кос, одговарајќи на прашања на европратениците.

Пауновиќ, која ја предводи српската Министерство за државна управа и локална самоуправа, претходно во интервју за телевизијата Курир изјави дека, доколку била Слободан Милошевиќ во 1998 година, етнички ќе го исчистела Косово.

Таа потоа објасни дека под „етничко чистење“ не подразбирала физичка ликвидација, туку создавање услови Албанците да не се чувствуваат како дел од Србија и да заминат во, како што рече, „својата татковина“. Изјавата предизвика остри реакции во Србија, Косово и во регионот.

По критиките, Пауновиќ се извини, но не им се обрати на граѓаните или на припадниците на албанската заедница. Извинувањето го упати до српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Ѓуро Мацут и Владата, наведувајќи дека тие биле изложени на напади поради нејзините зборови.

Вучиќ ја оцени изјавата како непромислена и недоволно одговорна, но не побара нејзина оставка. Лидерот на Социјалистичката партија на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ застана во одбрана на Пауновиќ, оценувајќи дека нападите врз неа биле срамни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марта Кос за министерката што рече „етнички…

Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…

Косово прогласи српска министерка за персона нон…

Министерката за државна управа и локална самоуправа…

Делегација од косовски војници пристигна во Израел…

Одборот за мир објавува дека мала делегација…

Милионска заплена во Косово: брачен пар осомничен…

Косовските власти денеска соопштија дека запленија имот…

Косовскиот министер за одбрана: Косово гордо стои…

Вршителот на должноста министер за одбрана на…