Мартовската инфлација меѓу 4 и 5 отсто – утре Владата ќе ги намали акцизите на дериватите и вели: Не чека тешка година
Владата на утрешната седница ќе ги активира заштитните механизми за да спречи ново зголемување на цените на нафтените деривати. Предвидено е намалување на акцизата за дизелот за четири денари, а за бензинот за денари денари. Без овие мерки, во понеделник дизелот ќе беше поскап за седум, а бензинот за 1,5 денар за литар. Новите цени со оваа мерка би биле плус три денари за литар дизел и 0,5 денари поевтин бензин. Но, ова е без попустот на ОКТА, кој истекува деновиве. Во моментов се разговара со оваа компанија да ја продолжи оваа мерка.
„Доколку тоа го продолжат и понатаму тоа ќе подразбира дека нема да има зголемување за дизелот од она максимална цена која што ја утврдува Регулаторната комисија, а за бензините, исто така два денара, тоа значи дека негде околу половина денар ќе поевтинат и доколку ОКТА ги продолжи оние два денара за литар бензин, тоа значи дека ќе имаме повторно 2,5 денара поевтин литар бензин“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годинава ќе биде исклучително тешка. Кризата може да трае и година до две, во зависност од тоа дали ќе продолжат нападите врз Иран, дали ќе има ограничена или поголема копнена интервенција или нема да има. Инаку, кризата придонесе инфлацијата во март да забрза.
„Но врз основа на оние пресметки кои што ги правиме бидејќи ги следиме на дневна основа со Државниот пазарен инспекторат, очекуваме тука, меѓу 4 и 5 проценти. Хрватска објави дека се 4,8 така нешто. Очекувам и ние да сме тука нешто, да не биде двоцифрена“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Поради ова, Владата најавува дека покрај постојните мерки ќе разгледува и дополнителни механизми за заштита на животниот стандард. Во моментов на сила е намалената стапка на данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто за нафтените деривати, а ќе се намалат и акцизите.
„Цениме дека овие робусни први чекори го даваат својот ефект. Инаку понатаму анализираме, Министерството за финансии анализира сите оние основни прехранбени производи коишто се со 5%, да ги намалиме на 0%, да се практично без ДДВ“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Мицкоски посочи дека намалувањето на акцизите ќе има фискален ефект врз буџетот од неколку десетици милиони евра, но нагласи дека буџетската состојба е стабилна и дека има простор за интервенции. Тој најави и ребаланс на буџетот до крајот на јуни. Во однос на снабдувањето, посочи дека државата располага со резерви на нафтени деривати доволни за околу 62 дена, а дополнителни количини од околу 60 дена се во цевководот Солун – Скопје. Поради ова, нема потреба од рестрикции за точење на горивата. Според проценките, поради пониските цени, во земјава се зголемила потрошувачката на гориво од странски возачи. Таа во последниве две недели пораснала од 10 на 15 отсто од вкупната продажба на деривати во Македонија.
Извор: ТВ21
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мартовската инфлација меѓу 4 и 5 отсто…
Владата на утрешната седница ќе ги активира…
(Видео) Дали децата во „Пулс“ загинаа од…
Александар Наунов татко на починатата Надица Наунова,…
(Фото) Специјалците од Тигар спроведоа заседа –…
Пресечен транспорт на дрога во близина на…
Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати,…
Земјава има доволно нафтени деривати и во…
Над 100 експерти по меѓународно право предупредуваат:…
Повеќе од 100 експерти за меѓународно право…