Марјан Стаменковски осуден на три години затвор и 10 години забрана за вршење на професија

Сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски е осуден на затворска казна од три години и еден месец, а дополнително изречена му е и забрана за вршење на професија и регистрација на портал и домејн во рок од 10 години, ако сака да отвори портал во свое име во Македонија.
Кривичниот суд го осуди за четири дела на по една година, за уцена, пиратерија на аудивизуелно дело, злоупотреба на лични податоци, ширење расистички и ксенофобичен материјал или на единствена казна од три години и еден месец.
Целиот процес се одвиваше зад затворени врати откако беше приведен на 9 февруари по претрес неговиот дом од каде беа одземени документација, мобилни телефони и други електронски уреди како и поголема сума пари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор
Од затворот Штип вчера било пријавено дека…
(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово
Нема вода, а тоалетот кој го користат…
Полицајци привеле осуденик, па немало место во…
Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…
(Видео) Запалено возило на командир во битолскиот…
Возило на командир во битолскиот затвор било…
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…