Марјан Ѓорчев: Не ме изненадува односот на власта кон чествувањето на Гоце Делчев ама џабе виткаат грб

t

Односот на власта кон чествувањето на Гоце Делчев не е изненадувачки и тоа е погрешна стратегија. Ако мислат дека со тоа ќе ги задоволат Бугарите се лажат, нема да се постигне чувство на симпатија и попусливост. Со виткање на грб не се постигнува успех, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев.

Тој вели дека погрешни се ставите на власта дека немало потреба тоа сега да се прави, туку наместо тоа да се покаже единство.

-Треба да покажеме дека Гоце Делчев е клучната фигура, симоболот на македонската револуционерна борба. Ако тука покажеме единство, Бугарите ќе се запрашаат дека Македонија има цврсти ставови околу нашиот идентитет. Клуот за нашиот однос кон Бугарија е единството и Бугарија на тоа ќе гледа како монолитност која не може да се разбие, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека Македонија во преговорите треба да покаже доследност и храброст и мора да има реципроцитет како за малцинството, така и за гаранциите, ако Бугарија бара гаранции, ние треба да бараме гаранции за нашиот идентитет, јазик и за нашата култура и историја.

-Барањето на Бугарија да Бугарите влезат во Уставот е внатрешно прашање на Македонија, меѓу македонските граѓани со бугарска самосвест, нивните здруженија, политичка партија и тие не треба да бараат средба со Радев и Петков туку со македонските институции. Но, проблемот е во Бугарија. Целиот пристап на наметнување е навредлив. Од друга страна Македонија треба да се залага за соработка со Македонците во Бугарија. Наша цивилизациска одгворност е да се грижиме за Македонците во Бугарија, мора да се покаже достоинство кон тие луѓе дека се дел од нас. Зошто да не се бара пресудите на Стразбур да бидат реализирани, потенцира Ѓорчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација го ослободи Марјан „Доказ“ за обвинението…

Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од…

(Видео) 8.000 мртви од koвид e yжаcoт…

Македонија предводена од Владата на Зоран Заев…