Објавено на:

Масакар во САД: Полицијата пронајде пет мртви тела во куќа

t

Полицијата вчера пронашла тела на пет лица и мртво куче во куќа во американската сојузна држава Минесота.

Причината за смртта засега е непозната, но се чини дека се членови на исто семејство, соопшти полициската станица Дулут.

„Меѓу загинатите се и осомничените“, изјави портпаролката на полицијата Кејт Ван Дејле, цитирана од NBC News.

Полицијата соопштила дека добила предупредување од друга полициска агенција за лице кое има пристап до куќата и поседува оружје. Станува збор за станбена зграда северно од центарот на Дулут. При претресот полицијата пронашла пет тела и едно мртво куче.

Мајк Тускен, шеф на полициската станица Дулут, на прес-конференција изјавил дека тоа е „незамислива трагедија што ја погоди заедницата“.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…

Собранието денеска ги усвои измените на Законот…

Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…

Привремената косовска влада објави дека изборот на…