Објавено на:

Масакар во старечки дом во Хрватска: Шест лица се мртви!

t

Крешимир Пахоки (51), пензиониран воен полицаец од Доњи Дарувар е осомничен дека денеска во Домот за стари лица во Дарувар уби шест лица.
Како што пренесува хрватскиот портал Индекс, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева во Дарувар и почнал да пука. Пет лица загинале на лице место, а неколку лица се повредени. Уште едно лице подоцна починало во болница. По нападот убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила.


За убиство е осомничен Крешимир Пахоки од Доњи Дарувар (51), пензиониран воен полицаец. Фотографијата на осомничениот ја објавија хрватските медиуми, со напомена дека во 1996 година поранешниот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман, му доделил Спомен-обележје на Татковинската благодарност, што им се доделува на хрватските граѓани за почесна и примерна служба.
По убиството со пиштол побегнал, но полицијата го уапсила во близина на кафуле, пишува Индекс и наведува дека ја убил мајка си, жители и вработени во Домот.


Велат дека убиецот веќе и бил познат на полицијата. Како што изјавиле негови познаници за локалниот МојПортал, тој пред еден месец фрлил познаник на скалите каде што имало шишиња. Поради тежината на повредите, мажот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Бјеловар и завршил на операција на абдоменот. Наводно, Пахоки пред тоа имал пиштол во устата.
„Претходно беше ок момче, дежурен воен полицаец во Загреб. Но кога се пензионираше, алкохолот очигледно си го направи своето“, вели жител на Дарувар.
Пред масакрот, убиецот дошол во кафулето и им понудил на луѓето да се напијат, а потоа рекол „Ќе направам нешто“.


Според информациите на локалниот портал, убиецот наводно седел пред продавница во Доњи Дарувар и пиел пиво непосредно пред крвавиот напад. Во еден момент дошол зад противпожарната станица и го замолил чуварот да го одвезе него и уште еден пријател во градот. Домарот му рекол дека не може бидејќи има работа.
Полицијата се уште нема официјално соопштение за овој масакр, освен дека тој набрзо е уапсен и е под нивен надзор.
Инаку, префектот на Бјеловарско-билогорската жупанија Марко Марушиќ попладнето пристигна во Дарувар за да го координира трансферот на преживеаните жители, а таму беше и главниот државен обвинител Иван Турудиќ.
„Сите сме во шок, сакам да изразам сочувство до семејствата. Повредените се пренесени во болница, се надеваме дека ќе бидат добро. Пристигнуваат и министри за да го координираат префрлањето на преостанатите корисници во друг дом“, изјавија Марушиќ.
Полициска истрага е на лице место, по што се очекуваат поконкретни информации за денешниот трагичен настан во кој според се уште непотврдени информации пет лица загинаа, а петмина се ранети.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, изрази сочувство до семејствата на загинатите и изрази очекување дека надлежните органи ќе ги утврдат „сите околности на тоа страшно злосторство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данец со камера скриена во пенкало, снимал…

Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…

Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера…

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

Масакар во старечки дом во Хрватска: Шест…

Крешимир Пахоки (51), пензиониран воен полицаец од…

Цела Црна Гора и БиХ, како и…

Земјите од регионот се уште се под…