Објавено на:

Масакр во Мјанмар, воен авион уби 17 цивили

t

Најмалку 17 цивили, меѓу кои девет деца, се убиени во воздушните напади на Мјанмар врз село контролирано од продемократскиот отпор, соопштија вчера локалните жители и групите за човекови права.

Воената хунта во Мјанмар се соочува со противници во делови од северниот и источниот дел на земјата. Локалните медиуми јавија дека 20 лица се ранети.

Мета на првите бомби биле две цркви во селото, а вториот напад бил додека луѓето бегале.

Очевидци изјавија дека авионот фрлил вкупно шест бомби и дека биле погодени и куќи. Тие соопштија и дека се ранети 30 лица.

Државните медиуми објавија дека извештаите за нападот се „лажни“, а државната радиотелевизија објави дека во тој момент не оперирале авиони во областа.

Селото е под контрола на група од Силите за народна одбрана (ПДФ), една од неколкуте кои се борат против хунтата. Војската ги опишува овие групи како „терористички“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, повеќемина се повредени при…

Едно лице загина, а други се повредени…

Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…

Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…

Масакр во Мјанмар, воен авион уби 17…

Најмалку 17 цивили, меѓу кои девет деца,…

Не е повеќе Авганистан најголем светски производител…

Според ОН, Мјанмар бележи значителен пораст на…

Турција се подготвува за првиот лет на…

Анкара – Турција се подготвува да ја заврши…