Масакр во Франција: Момче го уби газдата, двајца чувари и двајца мигранти

t

Трагедија попладнево ја потресе северна Франција, кога пет лица загинаа во страшна пресметка. Насилникот подоцна и се предал на жандармеријата, признавајќи ја одговорноста за нападите.

Четирите жртви, убиени во близина на Данкерк, се двајца чувари и двајца мигранти, додека петтата жртва, 29-годишен бизнисмен, почина во Вормхаут.

Според извештајот на весникот „Ле Паризиен“, жандармеријата добила дојава за пукање и едно лице кое било пронајдено во несвест околу 15 часот. По пристигнувањето, еден маж бил пронајден со повеќе повреди, меѓу кои и прострелна рана во главата. Лекарите на местото на настанот можеле само да констатираат смрт.

Сопругата на жртвата, која била во куќата за време на нападот, изјавила дека нејзиниот сопруг излегол да провери што се случува откако слушнал звук од автомобил. Тогаш непознатиот напаѓач излегол од возилото и испукал неколку куршуми кон него по што побегнал.

Околу 17:00 часот, 22-годишен француски државјанин се појавил во станицата на жандармеријата во Гивелде, каде ја признал одговорноста за убиството во Вормхаут и за четирите убиства во Лун-Плаж, според извор близок до истрагата.

Во неговото возило биле пронајдени четири огнени оружја, а младиот човек веднаш бил уапсен.

Инспекторите веруваат дека причината за нападот би можела да биде спор меѓу осомничениот и компанијата на која и припаѓала жртвата од Вормхаут. Осомничениот споменал поранешни колеги, но расистичкиот мотив засега не е во центарот на истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакр во Франција: Момче го уби газдата,…

Трагедија попладнево ја потресе северна Франција, кога…

Францскиот премиер официјално поднесе оставка, се очекува…

Премиерот на Франција, Мишел Барние, формално му…

Три опции за Макрон по падот на…

Францускиот парламент во средата ѝ изгласа недоверба…

Падна Владата во Франција! Левичарите и десничарите…

Француските пратеници ја соборија владата на премиерот…

Ќе падне уште една влада во Европа?

Пратеничките групи на левите и екстремно десничарските…