Објавено на:

Маскирани лица го нападнале лидерот на СИРИЗА

t

Со погрдни и навредливи зборови, лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис синоќа беше вербално нападнат од непознати маскирани лица, во моментите кога пристигнуваше во кино во рамките на Фестивалот на документарен филм. Вербалниот напад беше осуден од Владата и партиите.

Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис изрази „очигледна и недвосмислена осуда за вербалниот напад“ врз Каселакис и порача дека за маскирани лица и лица со палки нема место во демократијата.

Со осуда излезе и лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис.

Во исто време со пристигнувањето на Каселакис во кинотo, во непосредна близина се одржуваше протест против хомофобијата, а групата непознати лица освен што вербално го нападна лидерот на СИРИЗА, физички нападна и полицаец.

Протестот против хомофобијата беше организиран откако во саботата вечерта поголема група нападна две лица припадници на ЛГБТ+ заедницата, а полицијата за нападот уапси 21 лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет актуелни пратеници од СИРИЗА ја напуштија…

Групата од СИРИЗА предводена од кандидатката за…

Мицотакис му честитал на Каселакис и го…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор…

Стефанос Каселакис е новиот лидер на Сириза

Поранешниот министер и новодојденец на грчката политичка…

Кој ќе го наследи Ципрас: Каселакис и…

Со 45,47 отсто од гласовите, Стефанос Каселакис…

Грчки пратеник: Преспанскиот договор придонесе за признавање…

Пратеникот на прогресивната алијанса на СИРИЗА и…