Маските сепак нема да паднат утре? Кризниот координативен штаб се уште нема закажано состанок

t

И покрај најавите и очекувањата, се уште нема закажано состанок на Кризниот координативен штаб кој треба да ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести.

Од нивниот амин зависи дали на утрешната владина седница ќе паднат маските во затворен простор и укинување на изолацијата за контактите.

Кризниот штаб не се состанал две недели па во чекалната чека и препораката за одржување на училишни екскурзии. И додека чекаме на Владата, спроед информации на Сител следен чекор на советодавното тело на министерот Беким Сали е укинување на сите преостанати рестрикции во земјата.

За разлика од кај нас, во соседните земји многу побрзо ги носат одлуките кои се од важност за граѓаните. Последен ваков пример е Грција каде тамошниот министер за здравство најави дека од 2 мај паѓаат сите рестрикции.

Освен за грчките државјани тоа е важно и за странските туристи кои без сертификати и брзи тестови ќе ја поминуваат грчката граница. Олабавувањата кај нашиот грчки сосед ќе бидат до наесен кога повторно ќе се фокусираат на имунизацијата на населението.

Изминатите месеци и во Данска, Холандија, Хрватска, Шпанија речиси и да нема мерки за вирусот а некои ковид 19 веќе го третираат како обична настинка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

ЦДЦ: Украинците носат резистентни болеси во Европа

Бактериски резистентни инфекции кои се регистрирани на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…