Маск: Не сум заинтересиран да го купам ТикТок

Како еден од потенцијалните купувачи на TikTok се споменува и милијардерот Илон Маск.
Американскиот милијардер Илон Маск за германскиот неделен весник „Velt“ изјави дека не е заинтересиран да ја купи социјалната мрежа TikTok.
Маск го даде интервјуто откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи спроведувањето на законот со кој се наложи на матичната компанија ByteDance да ја продаде социјалната мрежа, со можност TikTok да биде забранет во САД, пренесува порталот Tech Crunch со седиште во Сан Франциско.
Се појавија извештаи дека кинеската влада е отворена за договор во кој Маск, клучниот сојузник на Трамп, би го купил TikTok, според американскиот портал.
„Немам никакви планови за тоа што би правел доколку го поседувам TikTok. Претпоставувам дека би го погледнал алгоритамот и би се обидел да одлучам колку е корисен овој алгоритам и што може да се направи за да се промени алгоритмот за да биде попродуктивен и на крајот корисен за човештвото“, рече Маск во интервју за Velt.
Говорејќи пред новинарите, Трамп рече дека би сакал Маск или извршниот директор на Oracle, Лери Елисон, да го купат TikTok, а набргу потоа потпиша извршна наредба за создавање инвестициски фонд кој би можел да купи удел во TikTok.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија одлучи целосно да го забрани ТикТок
Албанската влада денеска донесе официјална одлука за…
Албанија ја блокира апликацијата Тик-Ток
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека платформата…
Маск: Не сум заинтересиран да го купам…
Како еден од потенцијалните купувачи на TikTok…
Microsoft преговара за преземање на TikTok
Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека Microsoft…
ЕК ги истражува Фејсбук, Тему, ТикТок, Инстаграм…
Европската комисија покрена 10 истраги против социјалните…