Маск: „Тесла“ ќе претстави робот-такси на 8 август
Американскиот производител на електрични возила „Тесла“ планира на 8 август да го претстави долго ветениот „Роботаксис“ за самоуправување, објави шефот на компанијата Илон Маск. Маск не даде други детали во многу кратка објава на X, социјалната мрежа што ја поседува.
Според претходните изјави, автономното возило ќе се заснова на нова техничка платформа која ќе го направи производството поефикасно и попрофитабилно, пренесува Index.hr.
Маск со години ветува дека „Тесла“ ќе вози автономно и дека радикално ќе ја промени вредноста на автомобилот и бизнис моделот.
Во моментов, таканаречената „автопилот“ технологија во електричните автомобили функционира како систем за помош на возачот кој бара човечка контрола и интервенција зад воланот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Швајцарец платил такси од Центар до Водно…
На 14.06.2025 година во 20.40 часот во…
Турски студенти ограбиле таксист во центарот на…
На 04.05.2025 полициски службеници од СВР Скопје…
Маск го нарече советникот на Трамп идиот
Илон Маск му возврати на Питер Наваро,…
Митрески: Владата со буџетот ги зголемува глобите…
Со новиот буџет на владата планирани се…
Маск: „Тесла“ ќе претстави робот-такси на 8…
Американскиот производител на електрични возила „Тесла“ планира…