Маск ќе поминува помалку време работејќи за администрацијата на Трамп почнувајќи од мај
Илон Маск кажа дека ќе ја намали својата улога во владата на Доналд Трамп откако профитот и приходите на неговата компанија „Тесла“ значително паднале во првите три месеци од оваа година. Тој исто така се соочи со големи критики откако стана важна политичка личност во Белата куќа.
„Тесла“ вчера објави пад на приходите од 20% во првиот квартал од годината во споредба со истиот период лани, како и намален профит од дури 70%. Компанијата ги предупреди инвеститорите дека падот би можел да продолжи, додавајќи дека менувањето на политичкото расположение ја погодува побарувачката.
Маск призна дека ја запоставил компанијата поради обврските во владата. Тој вложи повеќе од 250 милиони долари во предизборната кампања на Трамп и потоа дојде на чело на новоформираниот Оддел за владина ефикасност (ДОГЕ), чија задача е намалување на федералното трошење и кратење на администрацијата.
„Од следниот месец значително ќе го намалам моето време во ДОГЕ. Ќе посветувам еден до два дена неделно на владини обврски, сѐ додека претседателот го бара тоа од мене“, кажа Маск.
Неговата политичка ангажираност доведе до протести и бојкоти на „Тесла“ низ светот. Новите американски царини за Кина исто така негативно се одразија врз „Тесла“. Иако возилата на „Тесла“ се составуваат во САД, многу делови се увезуваат од Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…