Масовен протест во Минхен против екстремната десница

t

Повеќе од 200.000 луѓе денеска се собраа во Минхен на нов масовен протест против екстремната десница, соопшти полицијата на баварската престолнина.

-Нашата проценка е дека има повеќе од 200.000 луѓе – рекле од полицијата, чија прва проценка, кога почна собирот, беше половина помалку.

Две недели пред парламентарните избори, демонстрантите собрани под слоганот „Ти и требаш на демократијата“ се противат на каква било соработка со екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија.

Организаторите на денешните демонстрации „Минхен е шарен“ сакаат да испратат „силен сигнал во корист на различностите, човечкото достоинство, сплотеноста и демократијата“ пред изборите.

„Бабите против екстремната десница“, движење создадено во 2018 година, инспирирано од слична иницијатива во Австрија, денеска повика на демонстрации во неколку германски градови, меѓу кои и Хановер, каде, според податоците на полицијата, протестирале 24.000 луѓе.

Минатата недела повеќе од 160.000 луѓе протестираа против екстремната десница во Берлин.

Протестите почнаа минатата недела откако конзервативниот кандидат за канцелар и фаворит на изборите, Фридрих Мерц, почна да се приближува до АфД бидејќи се потпираше на нивната поддршка во Парламентот за усвојување на необврзувачки предлог за блокирање на сите странци без документи, вклучително и баратели на азил, на границата.

Традиционалните партии досега одбиваа секаква соработка на национално ниво со екстремната десница во име на таканаречениот „заштитен ѕид“ подигнат против националистичката и антиимигрантската формација.

Конзервативците, кои се состанаа на конгресот на почетокот на неделата, јасно ставија до знаење дека исклучуваат каква било влада со АфД, која според анкетите е втора, веднаш зад нив.

Вонредните парламентарни избори се закажани за 23 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Масовен протест во Минхен против екстремната десница

Повеќе од 200.000 луѓе денеска се собраа…

Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…

Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…

(Во живо) Секој втор кочанчанец во текот…

Секој втор кочанчанец во текот на 2023…

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…