Масовна тепачка во училиште во Берлин: 49 повредени меѓу кои ученици и директорката

t

Сѐ започнало со расправија меѓу ученици околу 10:30 часот, а набрзо работите излегле од контрола, а биле претепани и полицајците кои дошле да интервенираат.

Како што пренесуваат германските медиуми, тепачката ја започнале пет момчиња на возраст од 14 и 15 години. Во еден момент момче извадило бибер спреј и почнало да прска по учениците. Во еден момент му испаднало шишето и го грабнало друго момче, кое почнало да им прска бибер во очите на своите „противници“. Тогаш момчињата почнале да разменуваат удари и работите набрзо ескалирале.

Имено, во толпата влетале двајца професори за да ги раздвојат учениците, но и нив ги испрскале со бибер. Тогаш дотрчала директорката, која била турната од тепачите, па жената паднала и ја скршила раката.

Во меѓувреме некој повикал полиција, но недолго откако патролата пристигнала на местото, се појавил постариот брат (21) на едно од момчињата кои учествувале во тепачката, кој почнал да ги тепа полицајците. Набрзо бил совладан и соборен на земја, а во таа прилика му била исечена усната.

Истрагата за инцидентот е во тек, а се очекува да бидат поднесени пријави против повеќе лица за нанесување телесни повреди.

Се наведува дека бројот на повредени е голем, бидејќи многу деца и училишни работници се пожалиле на иритација на очите од бибер спрејот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романија воведува „притвор“ за непримерните ученици

Концептот „Просторија за притвор“, веќе познат во…

Учебната година ќе започне на 2 септември,…

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска…

(Видео) Идризово како гладијаторска арена: Затвореници се…

Како на гладијаторска битка, во македонските затвори…

Општина Карпош ги награди првенците на генерацијата

Согласно планираната Програма на Одделението за образование…

Конкурс за учебници нема, учениците од седмо,…

Откако Министерството за образование и наука објави…