Објавено на:

Масовни откази на британските возачи поради поскапувањата на бензините

t

Британските таксисти, како и многу други луѓе коишто мора да користат автомобили поради работата, масовно си заминуваат поради рекордните поскапување на горивата, пишува весникот Observer, повикувајќи се податоците од британскиот синдикат GMB Union.

Во прилогот на весникот се наведува дека од четвртокот, цената на литар безоловен бензин достигна 182,31 пени (2,25 американски долари), а цената на полни резервоар на просечен семеен автомобил достигнала 100 фунти (123,16 долари), првпат во историјата на Обединетото Кралство. Се истакнува и дека некои луѓе треба да потрошат и до 350 фунти (околу 431,1 долар) седмично за горива за да стасаат на работното место.

„Членовите на GMB , како и сите други граѓани, страдаат од вртоглаво зголемените сметки за енергија, острото зголемување на цените на храната и на горивата од околу две фунти за литар… Рекордно високите цени на бензините значат дека вработените во Националната здравствена служба (NHS), стручњаците од службата за домашна нега, таксистите и другите кои треба да возат до работа, буквално се присилени да плаќаат скапо за да работат“, го цитира Observer челникот на синдикатот Гери Смит.

Додава дека во Велика Британија во моментов се случува масовен егзодус на вработените во многу од споменатите области. Смит смета дека ситуацијата само дополнително ќе се влошува доколку цените продолжат да растат.

Во написот се наведува дека масовното отпуштање на такси-возачите започнало во текот на пандемијата на Covid-19. Особено, како што се наведува, персоналот на лондонската филијала на „Uber“, намален бил персоналот на возачите на такс-возилата. Околу 10.000 таксисти, наводно, се откажале само во овие две категории, а ситуацијата само се влошила во условите на актуелните поскапувања.

Цените на бензините и на дизел горивото во Велика Британија достигнуваат рекордни нивоа поради растот на глобалните цени на нафтата, што се толкува со западните санкции за увозот на нафтата од Русија и инсистирањето на Западот да се намали зависноста од руските енергенси.

Британскиот министер за финансии, Риши Сунак, пред две седмици објави нов пакет од 15 милијарди фунти, или 18,9 милијарди американски долари, како одговор на кризата со растот на животните трошоци во земјата и рекордната инфлација. Дополнително, владата воведува и привремен данок од 25 отсто на добивката на нафтените и гасните компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…

Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…

Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…