Објавено на:

Масовни протести во Лос Анџелес -Трамп ја ангажираше Националната гарда

t

Протестите во Лос Анџелес Калифонрија се под контрола откако по два дена во разбивањето на насобраната маса се вкличи националната гарда која ја испрати претседателот Трам. Тој откако виде дека немирите против имигантската и гранична полиција и рациите кои ги спроведуваат за депоратција на имигранит зема замав нареди 2000 припадници на националната гарда да бидат распоредни итно во Лос Анџелес а под полна готовност се најави дека се подготвени да се вклучат и маринците. Претседателот на САД кој воедно најави и дека забранува носење на маски за време на протестите ѝ се заблагодари на Националната гарда во објава на социјалната мрежа Truth Social за справувањето со кризата.

„Одлична работа од Националната гарда во Лос Анџелес по два дена насилство, судири и хаос. Имаме некомпетентен гувернер (Њусом) и градоначалничка (Бас) кои, како и обично (само погледнете како се справија со пожарите, а сега нивното МНОГУ БАВНО спречување на катасрофи ,не се дораснати на задачата. Овие радикални левичарски протести на поттикнувачи и честопати платени бунтовници, НЕМА ДА СЕ ТОЛЕРИРААТ.“

Судирите со демонстрантите и федералните агенти избувнаа вчера во претежно латиноамериканскиот кварт Парамаунт, во јужниот дел од Лос Анџелес, каде што имигрантските агентите беа стационирани.

Федералните агенти употребија солзавец, шок бомби и гумени куршуми, додека демонстрантите фрлаа камења и парчиња бетон врз возилата на граничната патрола. Улиците беа покриени со чад од запален отпад.

Градоначалничката на Лос Анџелес преку социјалните мрежи демантираше дека националната гарда била вклучена во расчистување на немирите додека гувернерот Њусом, кој е исти така демократ, обвини дека федералната влада сака спектакл и ги повика граѓаните да не одговараат со насилство.

„Сакам да се заблагодарам на полицијата на Лос Анџелес и законодавните сили за нивните акции вечерва. Му се заблагодарувам и на гувренерот Њусом за подршката. Само да бидеме на чисто.Националанат гарда не беше распоредена во Лос Анџелес.“

Во меѓувреме во мај годинава Врховниот суд на САД и дозволи на администрацијата на Трамп да го поништи привремениот правен статус на половина милион луѓе од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела по што се разгледуваат можни дестинации за депортација на мигранти меѓу другото и на Балканот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…