Матичните лекари не сакаат да дежураат во новите Ковид амбуланти

t

По најавата од Комисијата за заразни болести дека се отвораат пет ковид-амбуланти во Скопје и дека матичните лекари ќе треба да дежураат во нив, реагира Здружението на матични лекари:

„Комисијата уште еднаш да разисли дали е добро да се дестабилизира примарното здравство, бидејќи кога еден матичен доктор е сега на смена и во таа смена не одбработи во својата амбуланта и отиде во ковид-амбулантата, тогаш прашање е кој во тој период ќе ги услужи пациентите“, велат од здружението.

„Во новите ковид-амбуланти можат да бидат ангажирани луѓето од вакциналните пунктови, специјализантите, да се вработат млади доктори. Не бегаме од работа, но сметаме дека во моментов не сме побарале вакво нешто. Сега речиси сите пациенти се со лесни клинички слики, за разлика од претходно“, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ, вчера информираше дека во текот на наредната недела ќе почнат со работа пет нови ковид-амбуланти на територијата на градот Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…

Цукерберг: Влада на Бајден притискаше да ја…

Марк Цукерберг, шефот на Мета, се појави…

Филипче: Нема никакво вработување на 600 лекари,…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека…

Бајден откри кога би се повлекол од…

Во последните недели, се поголем број демократи…

ЕУ фрлила вакцини против Ковид-19 вредни 4…

Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони…