Матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура, англискиот јазик најпривлечен

t

Матурантите од средните училишта во земјава, денеска (8 јуни) го полагаат вториот екстерен испит од државната матура.
Најголем дел од нив – 13 198 се пријавиле за тестот по англиски јазик. Математика полагаат 1 356, германски јазик 114, а француски 37. Има и 84 кои одлучиле да полагаат естетика, како и по еден за предметите руски јазик и филозофија.

Пред една недела (1 јуни) матурантите го полагаат првиот екстерен испит од државата матура – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература. Оние што нема да положаат, ќе имаат шанса за поправен на 12 и 14 август.

Државниот испитен центар (ДИЦ) треба да ги објави резултатите од полагањето на двата екстерни испита најдоцна до 8 јули.

За да има поголема контрола при полагањето, оваа учебна година матурантите првпат тестовите ги решаваат во големи простори –училишните холови или спортски сали.

Но, ни тоа не ги спречи средношколците од завршните години да препишуваат. Беше откриена група на апликацијата „Вибер“ од околу седум илјади членови, во која се споделуваше тестот по мајчин јазик и литература.
По ова, од ДИЦ формираа комисии за да проверат кој средношколец мамел и препишувал. На оние за кои ќе се утврди дека препишувале, ќе паднат на испитот.

Од Испитниот центар најавија дека до Министерството за образование и наука ќе предложат новата Влада да обезбеди блокатори на сигналите за мобилните телефони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит од…

Матурантите од средните училишта во земјава, денеска…

Да им посакаме среќа: Денеска почнува полагањето…

Во 10 часот денеска во средните училишта…