Мачка со скршена нога сама отишла во болница
Мачка со скршена нога сама си пронашла пат до Oдделението за итни случаи во болница во Турција, јави турската телевизија „Хабертурк“.
Мачката била снимена од безбедносните камери како влегува во болницата во градот Татван, во областа Битлис, преку влезот за итна медицинска помош. Потоа малку подзапира, па се упатува кон салата за операции. Ја забележал лекар, кој ѝ пружил помош со шиење и преврзување на ногата.
Мачето кое болничкиот персонал го именуваше „Давшо“, продолжи да ја посетува болницата, каде што, одвреме-навреме, сѐ уште добива помош. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…