Објавено на:

Машала: Минатата недела санкционирани 202 непрописно паркирани возила во Центар

t

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 202 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 22 до 28 јули со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 103 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 99 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, соопшти ЈП ПОЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Машала: Минатата недела санкционирани 202 непрописно паркирани…

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар и…

ЈП Градски паркинг од утре со летно…

Град Скопје ги информира граѓаните дека од…

Градски паркинг со санкции за 122 непрописно…

Во текот на изминатата недела (18.05 –…

Кампања „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите”…

В.д. директорот на ЈП Градски паркинг –…

Се скарале па довршиле со тупаници: Тепачка…

Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе обвинителен…