Маја Морачанин поднесе оставка од претседателската функција во ДОМ!

t

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин синоќа на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

– Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, напиша Морачанин на својот профил на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…

ДОМ ќе се изјасни за францускиот предлог…

Зелената партија ДОМ, инаку дел од владејачката…

Првпат ја отвори вратата на вилата на…

Цеца Ражнатовиќ првпат ги отвори вратите од…

Им лeтнaло врапчето: Морачанин бара министерство за…

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин пред средбата…