Мајката и сестричката на Коста ќе се иселат од Србија: Кога ќе излезе од затвор ќе им се придружи и таткото
Мајката и сестрата на момчето (13) кое го изврши масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ најверојатно ќе ја напуштат Србија и ќе се преселат во странство, а подоцна, кога ќе излезе од затвор, ќе им се придружи и таткото на момчето, пренесува српски Курир.
Семејството на масовниот убиец од Врачар, кој на 3 мај уби осум деца и еден портир, најверојатно од безбедносни причини ќе се пресели во странство. Мајката и помалата сестра на момчето би можеле прво да ја напуштат Србија, а во одреден момент да им се придружи и таткото на момчето-убиец, пишува Информер. Психолозите и криминолозите сметаат дека ова е најдоброто решение за ова семејство, особено за девојчето.
Инаку, родителите на Коста добиле стотици закани преку Интернет по невиденото злосторство што го извршил нивниот син, пренесуваат медиумите.
Таткото моментално е зад решетки бидејќи неговиот син извршил масакр пукајќи од пиштолите, а мајката, според неофицијални информации на медиумите, земала неплатено отсуство од работа и е со ќерката на непозната локација во Србија. Помладата сестра на момчето, која исто како него учеше во основното училиште „Владимир Рибникар“ сигурно нема да се врати во ова училиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите пари од сметката на семејството Кецмановиќ…
Вишиот суд во Белград го усвои предлогот…