Мајката на Стојанче си го пријавувала синот во полиција, Ивана барала помош оти станот и бил заклучен: На судењето се презентираат аудио снимки од пријави на линијата 112
Обвинителството изведува материјални докази против обвинетиот Стојанче Јовановски, кој се терети дека ја навел на самоубиство својата сопруга Ивана.
Обвинителката Адела Бојчевиќ рече дека од содржината на некои материјали би произлегла вознемирувачка содржина и посочи медиумите внимателно да ја информираат јавноста за да се избегне дополнителна виктимизација на инволвираните лица.
Во судница се презентираат аудио-снимки од телефонската линија 112, разговори снимени од Центарот за управување со кризи. Ќе бидат презентирани и записници од одделението за крвни и сексуални деликти и записник од МВР од увид на лице место по падот од балконот на Ивана и Катја.
Обвинителството презентираше пријава во системот на МВР каде мајката на Стојанче, Цветанка Јовановска го пријавила својот син на 30 јуни 2024 година во 14 часот и 44 минути.
Беше презентиран и аудио-повик од моментот кога сосетка на Стојанче и Ивана се јавила на бројот 112, побарала да биде анонимна и пријавила дека мало дете вриска и плаче. Дали внатре во станот се тепаат не знаела.
Презентиран беше аудио-повикот кон 112 од машко лице, кое што пријавува дека „од соседниот стан соседите се слуша викање и дека жената дошла кај нив и кажала дека нејзиниот сопруг ја тепа и таа е кај нив дома“, пријавата која се случила во 1 часот по полноќ.
Обвинителството презентираше телефонски повик од Ивана кон оператор на бројот 112, каде таа се јавила на 15 октомври 2025 година во 8 часот и 38 минути од својот телефонски број.
Како што се случа од снимката, Ивана го прашува операторот каде да се обрати кога некој ѝ го има заклучено станот и не ја пушта да влезе во него. Операторот на 112 ѝ кажува да се јави на куќен совет, а ако не успее, тогаш операторот ќе ја поврзе со Пожарна. Ивана во повикот објаснува дека куќниот совет нема клучеви од нејзиниот стан. Бара да ја поврзат со полиција, операторот пак ѝ вели да се консултира со куќниот совет па ќе ја поврзат со пожарна за да ја скршат вратата, на што Ивана вели дека не ѝ е проблем да биде скршена вратата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајката на Стојанче си го пријавувала синот…
Обвинителството изведува материјални докази против обвинетиот Стојанче…
Уапсен 22 годишен скопјанец, разнесувал производи без…
Во 01:10 по полноќ, на улицата „Јадранска…
Tри лица се лишени од слобода во…
Вчера (05.04.2026), во временскиот период од 13:00…
Уапсена жена, се бара за издржување затворска…
Полицијата вчера лишила од слобода 45 годишна…
Асанов, осомничен за убиство на 79 годишната…
Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судењето…