Мајката на 29-годишниот прободен навивач од Бугарија: Ѓаволчето е живо, можеше и полошo

29-годишниот Драгомир е момчето кое беше повредено, прободено со нож, при инцидент меѓу навивачите на Левски и лица од Скопје. Тој е на одделението за интензивна нега. Вчера беше опериран. Неговата состојба е стабилна, но сериозна.
Во Скопје пристигнала и неговата мајка. За медиумите раскажа во каква состојба е, и дали ќе биде пренесен во Бугарија.
„Ѓаволчето е живо, можеше и полошо“, рекла загрижената мајка.
Лекарите не препорачуваат младото момче да биде транспортирано во наредните денови, бидејќи неговата состојба не го дозволува тоа.
На прашањето дали неговите напаѓачи се идентификувани, таа вели:
„Да им оставиме на дипломатските власти. Официјалните власти нека ги тераат работите, како мајка дојдов да го видам. Откако го видов, веќе сум добро, покрај него сум“.
Според неа, само прашање на време е кога ќе се транспортира назад во Бугарија.
Инцидентите меѓу навивачите ги осудија и двете држави.
„Очекуваме надлежните органи во Република Македонија да ги преземат неопходните активности за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент“, велат од Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи пак повика односите меѓу фудбалските фанови да не се врзуваат за односите меѓу Бугарија и Македонија. Тој потсети дека Министерството за надворешни работи на Македонија веќе ги осуди инцидентите и побара сторителите да одговараат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…
Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…
Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…
Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…
Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…