Мајка им ги одзела таблетите на своите две ќерки- завршила во затвор

t

Наставничката по историја, Ванеса Браун (50) поминала седум часа во затворска ќелија, откако била уапсена и осомничена дека украла два таблети.

1159
Објавил:
Administrator

12 април 2025, 22:59
Меѓутоа, се испоставило дека апаратите се на нејзините ќерки, а мајка им ги одзела за да можат да се фокусираат на училишните задачи, пренесува LBC.

Постапка во полициска станица

Сè започнало на 26 март, кога полицијата во Сари, Англија, добила пријава од маж за можна кражба. Со помош на специјализирана апликација лоцирани се два таблета, а испратена е и патрола да го истражи случајот.

На адресата ги пречекала 80-годишна жена – мајката на Ванеса Браун, која изјавила дека не знае ништо за украдените уреди.

Недолго потоа, наставничката по историја завршила во станицата, каде што била претресена, земен отпечаток од прсти, а потоа сместена во притвор. Во исто време во училиштето на нејзините деца дошла патрола и ги замолила да го напуштат часот.

„Не спиев цела ноќ“

Поминале седум часа пред властите да утврдат дека таблетите се на ќерките на уапсената жена, по што таа била пуштена на слобода.

“Сè уште ми е трауматично да зборувам за тоа. Во ниту еден момент не помислија дека е малку претерана реакција на одземање на таблетите. Сосема непрофесионално. Разговараа со мајка ми како да е криминалец”, тврди Ванеса.

Таа додава дека не спиела цела ноќ и останала во затворот во „кататонична состојба“.

Јавноста бара одговор

Јавноста се прашува зошто на полицајците им требало толку време да утврдат дека не е неопходно да се преземат официјални мерки против Ванеса Браун.

„Не можам да разберам зошто моето апсење беше толку брзо, можеби за помалку од еден час. Полициски автомобили и полицајци се затрчаа на адресата поради лажна пријава за кражба“, рече жената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка им ги одзела таблетите на своите…

Наставничката по историја, Ванеса Браун (50) поминала…

Мајка која ги уби своите два сина…

Мајка од Дагенхам, Велика Британија, која ги…

Мајка со дете влегла во реката Сава,…

Во моментов во Загреб се води голема…

Мајката на млад човек кој загина во…

Поминаа два и пол месеци од трагедијата…

Jа клоцал, ја влечел за коса па…

Полицијата во Земун го уапси С. Н.…