Мајка ми студирала книжевност во Скопје и од мала ми ја пренесе љубовта кон Македонија – Лидија Вукиќевиќ

t

Македонската театарска публика ќе има можност да го проследи раскошниот талент на српската актерка Лидија Вукиќевиќ во сатиричната комедија „ Чекајќи го министерот“. Во неа се појавуваат Семир Гициќ и Сашо Ристовски, актер во Театар Комедија.

Вели дека ги сака градовите во Македонија, а пред сѐ луѓето коишто ја прават атмосферата. Со претставата ќе ги посети Пробиштип, Штип, Куманово, Битола, Струмица.

Вукиќевиќ, ја освои јавноста како Виолета Попадиќ од култната серија „ Бољи живот“, со улогата во серијалот „ Жикина Династија“, но и со ликовите од руските класици на театарската сцена. Покрај убавината и талентот, освојува и со својата речитост, интелегенција и срдечност – особини кои беа видливи при нашата комуникација.

* Во едно интервју изјавивте дека има луѓе кои знаат да го ценат вашиот талент и труд, а тоа се професионалци од нашата земја. Најавивте ангажмани во Македонија, на задоволство на нашата публика. Ќе ни ја откриете ли вашата работна агенда?

– Ние веќе одамна ја подготвивме претставата којашто се вика „Чекајќи го министерот“, така што сега доаѓаме во Македонија и многу се радувам, затоа што ја сакам вашата земја. Ги сакам градовите во Македонија, а пред сѐ луѓето коишто ја прават атмосферата. Ќе гостуваме со претставата во Пробиштип, Штип, Куманово, Битола, Струмица и други градови. Едвај чекам да дојдам. Од 5 април ќе бидам во Македонија и веќе од 7 април почнуваат претставите. Ќе се видиме, ќе се запознаеме и македонската публика ќе види што сме направиле. Мислам дека „Чекајќи го министерот“ е една интересна сатирична комедија.
* Со кого соработувавте?

– Претставата ја работевме со Семир Гициќ. Тој е мој колега актер, кој исто така е и текстописец и со Сашо Ристовски, актер во вашиот Театар Комедија.

* Доаѓавте ли често во Македонија во изминативе години, или дури сега ќе ја запознаете нашата земја, луѓето, театрската публика?

– Во текот на изминатите години многу пати бев во вашата земја. Морам да кажам нешто што посебно ме врзува. Мојата мајка студирала книжевност во Македонија и таа го обожаваше Скопје. Секогаш ни кажуваше зборови на македонски јазик. Научивме многу македонски зборови. Од малечка ја негувам љубовта кон Македонија и кон Скопје. Пред короната бев неколку пати во Скопје и во другите градови во Македонија. Но кога почна пандемијата прекинавме. Сега со Господ напред повторно ќе се видиме.
* Дали сте моментално вљубени?

– Да, сум во една убава врска, затоа што љубовта отсекогаш ми била двигател, но не по секоја цена. Јас сум за тоа, ако не е она вистинското, подобро е човек да биде сам, отколку да биде со некого колку да се каже. Но, ова мислам дека е вистинскиот избор и среќна сум и засега сум баш задоволна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…