Мајка на загинат 25-годишен во Чаир: „Ако нема правда, јас ќе ја земам во свои раце“

t

Слаѓа Хаџибулиќ, мајка на 25-годишниот Ален Чириковиќ, кој починал откако 12 дена бил во кома, јавно апелира за правда преку порака испратена до редакцијата на 4NEWS.mk. Таа тврди дека институциите молчат и дека никој не реагира на смртта на нејзиниот единствен син, објави 4NEWS.mk

„Кажете кој е тој што го усмрти мојот син единец, Ален Чириковиќ. Никој не пишува, ниту се обраќа. Јас сум мајка. Ако нема правда, јас ќе пресудам,“ напиша таа во својата порака.

Хаџибулиќ објаснува дека трагедијата се случила на 9 мај, кога нејзиниот син паднал во кома. По 12 дена, на 21 мај, семејството го погребало, но, според неа, случајот не добил никакво внимание.

„За сите дигнавте фама, а што сум јас? Сè ќе дадам за мојот син единец, тој што шета слободен. За Фросина и Југослав дигнавте сè на нозе, јас цело Скопје ќе го дигнам,“ додава таа.

Во пораката, мајката потенцира дека верува во медиумите, но дека ова е „последен пат“ кога се обраќа. „Јас правда ќе превземам, пошто сите ќутат. Немам што да изгубам, го изгубив најмилото,“ завршува нејзиниот апел.

Извор: 4Њуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка на загинат 25-годишен во Чаир: „Ако…

Слаѓа Хаџибулиќ, мајка на 25-годишниот Ален Чириковиќ,…

Мицкоски во Кочани одби да збори за…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски…

Заталкано зрно од огнено оружје заврши во…

Заталкано зрно од огнено оружје заврши во…

Трамп: Сакам да и помогнам на Украина,…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден…

Oвој месец сте посиромашни за 200 денари:…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…