Мајка на момче што почина во подморницата Титан: Сакаше да ја реши Рубиковата коцка 3.700 метри под вода

t

Минатата недела во Атлантикот пет лица загинаа во подморницата „Титан“, а оваа недела беа одржани погреби за 19-годишниот Сулејман Давуд и неговиот татко Шахзад.

Мајката на загинатите татко и син ги откри мотивите за нивното одење до подморницата што води до потонатиот брод Титаник, раскажувајќи како сето тоа настанало поради Рубикова коцка.

Азмех раскажала како Сулејман се пријавил да го собори Гинисовиот рекорд, а неговиот татко донел камера во подморницата за да го сними моментот, пренесува BBC.

– Во тој момент не разбрав што може да значи. Сè само тргна надолу – рече таа.

Семејството сакаше порано да го посети потонатиот брод Титаник, но тоа патување беше откажано поради пандемијата.

Како што додаде таа, Сулејман никогаш не одел никаде без својата Рубикова коцка, а успеал да ја реши за 12 секунди.

Рече, ќе ја решам Рубиковата коцка на 3.700 метри под морето, кај Титаник“, рекла мајката.

Инаку, Сулејман бил студент на Универзитетот во Глазгов, додека Шехзад бил еден од најбогатите Пакистанци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го поздрави доаѓањето на американска подморница…

Портпаролот на израелската војска го поздрави доаѓањето…

Новата руска подморница Цар Александар Трети тестираше…

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека…

Ќе се снима филм за подморницата Титан

Приказната за подморницата Титан, чиј екипаж доживеа…

Украинците слават: Уништивме руска подморница!

Како што истакна Антон Герашченко, советник во…

Ко-основачот на OceanGate: „Заборавете на Титан, ние…

Коосновачот на OceanGate, компанијата која го организираше…