Објавено на:

Мајмуни избегале од лабораторија во САД – упатство до граѓаните: Заклучете ги домовите

t

Откако 43 мајмуни избегаа од истражувачки центар во мало гратче во Јужна Каролина во САД, полицијата ги повика жителите да ги заклучат своите домови и во никој случај да не им се приближуваат.

Полицискиот оддел во Јемаси, Јужна Каролина, град со 2.000 жители, на Фејсбук објави дека млади женки макаки резус избегале во средата.

Во потрагата по избеганите мајмуни се вклучи и полицијата заедно со вработените во истражувачкиот центар Alpha Genesis.

Поставени се стапици за да ги фатат животните, а полицијата користи и термоснимачки камери за да ги пронајде.

Грег Вестергард, извршен директор на Alpha Genesis, изјави за Си-ен-ен дека мајмуните избегале откако чуварот не успеал да ја заклучи вратата, истакнувајќи дека тоа е „100% човечка грешка“./Извор:Makfax

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…