Мајмунските сипаници веќе не се глобална здравствена вонредна состојба
Светската здравствена организација соопшти дека мајмунските сипаници повеќе не претставуваат глобална „здравствена вонредна состојба“, ставајќи крај на речиси една година тревога поради вирусната болест, со потврдени случаи во повеќе од сто земји.
Организацијата во јули 2022 година ги прогласи мајмунските сипаници за меѓународна итна здравствена состојба и ја поддржа својата позиција во ноември и февруари.
Ознаката на СЗО е осмислена со цел да предизвика координиран меѓународен одговор и да ослободи ресурси за соработка во споделувањето вакцини и лекување.
Повеќе од 87.000 случаи на мајмунски сипаници се потврдени ширум светот од почетокот на 2022 година до 8 мај оваа година, според најновиот извештај на СЗО.
Иако СЗО претходно годинава регистрира постојан пад на бројот на пријавени случаи, исто така изрази загриженост за можното повторна појава во некои региони и постојаното пренесување во некои земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алармантен пораст на случаите на сипаници во…
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата…
Воскреснуваме стари болести: Невакцинирањето ја донесе Црна…
Црногорскиот Институт за јавно здравје, повторно апелираше…
Вирусот од Африка галопира во светот: Мајмунските…
Откако во Минхен во петокот беше пријавен…
СЗО загрижени: Бројот на случаи со сипаници…
Бројот на случаи на сипаници во светот…